Наслов на оригиналот: Knäckarbanketten / Sara Bergmark Ellfgren, Emil Maxen

ISBN 978-608-253-231-8

Број на страници: 130

Автори: Сара Бергмарк Елфгрен и Емил Максен

Превод од шведски: Ивица Челиковиќ

Тврд повез

Во големата кујна на војводата Лудберт работи малиот Амунд. Негова задача е да ги рани свињите со остатоците од храната што се собираат од војводовата маса. А се собираат многу остатоци. Најмладата ќерка на војводата, Отилиа, се гнаси од расипништвото и прејадувањата во замокот. Таа сонува за авантури и слобода.
Еден ден војводата Лудберт решава да направи голема прослава – банкет што ќе трае три дена, со стотици јадења и со отмени и фини гости од разни страни. Вистински голем банкет! Но, неговиот љубоморен и завидлив брат близнак крои планови за да ја уништи прославата…
Наскоро Амунд и Отилиа ќе бидат вовлечени во опасна и страшна авантура со вообразените војводи, итри мопсови, застрашувачи ѕверови и гнасни чудовишта.
Една богато илустрирана приказна на Сара Бергмарк Елфгрен и Емил Максен.

Белешка за писателката

Сара Бергмарк Елфгрен е наградувана шведска писателка, сценаристка и драмска писателка. Нејзиниот дебитантски роман Кругот (2011) го напиша со Матс Страндберг и е објавен на дваесет и пет јазици.

Во својата богата кариера, таа има напишано романи, книги за деца, графички романи, аудио драми, драми и филмски сценарија.

Сара Бергмарк Елфгрен е родена 1980 година во Стокхолм. Таа живее и работи во родното место. Дипломирала на Филмски студии во Шведска.

Белешка за илустраторот

Емил Максен е шведски илустратор, писател и стрип уметник. Во 2019 година ја доби наградата Алберт Енгстрем за млади илустратори, а во 2021 година беше во потесен избор за наградата за цртежи на Урхунден.

Белешка за преведувачот

Ивица Челиковиќ (1962, Скопје) е поет, раскажувач и преведувач. Преведува шведска литература на македонски. Превел четириесетина дела од познати шведски писатели. Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Студирал и на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг, Шведска, каде што живее и работи

Scroll to Top