Наслов на оригиналот: Kdo je danes glavni / Nataša Konc Lorenzutti.

ISBN 978-608-253-242-4

Превод од словенечки: Лидија Аризанковска

Број на страници: 80

Ника е најмалото девојче во семејството и таа едвај чека да биде главна. И кога ќе се случи тоа? На крајот на книгава! Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне…
Духовита и интересна приказна со преубави илустрации.

Писателката и поетеса Наташа Конц Лоренцути, од година во година станува сѐ попрепознатлива и попопуларна авторка за млади во словенечкиот литературен простор. Таа во минатото веќе покажа дека е блиска до семејните приказни и анегдоти со сликовницата Какво дрво расте од мачор. Приказните од книгата Кој е денес главен се пријателски и духовити, а настаните се оригинални и мотивирачки. Книгата е совршена и за семејно читање. Ликовниот изглед ѝ беше доверен на младата, но сѐ поактивна и препознатлива уметничка Тања Комадина. Овој пат, нејзините илустрации се живописни и разиграни, во склад со детската живост, а со имагинативните детали не само што го придружуваат, туку и самостојно го надополнуваат текстот на Наташа Конц Лоренцути.

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРКАТА

Наташа Конц Лоренцути (1970) дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што и магистрирала во 2010 година. Во периодот од 1994 година до 1999 година била ангажирана како актерка во два професионални словенски театри, а од 1999 година се посветила на литературата. Досега има објавено тринаесет книги за деца и млади и три книги за возрасни. Нејзините книги биле номинирани за наградата „Оригинална словенска сликовница“ и наградата „Модра птица“, а исто така по двапати за наградите „Десетница“ и „Вечерница“. Нејзината проза за возрасни трипати ја освоила наградата „Женски глас“, а двапати ја освоила трстската награда „Младика“. Покрај нејзината хонорарна работа како писателка, десет години предавала драма во средното училиште „Нога Горица“, каде нејзините ученици ги играат нејзините драми.

БЕЛЕШКА ЗА ПРЕВЕДУВАЧКАТА

Лидија Аризанковска е преведувач и универзитетски професор. Родена е во Скопје, на 28 октомври 1966 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде ги брани и магистреската и докторската теза. Редовен професор е на истиот факултет. Подрачје на научно-истражувачка работа ѝ се македонскиот и словенечкиот јазик. Учествувала на повеќе семинари и конгреси, дома и во странство. Автор е на голем број научни трудови и книжевни преводи.

Scroll to Top