
Наслов: Распарчени / Хилде Миклебуст
Превод од норвешки јазик: Искра Бадева
Број на страници: 228
Превод на делото: Splintra / Hilde Myklebust.
ISBN 978-608-253-260-8
COBISS.MK-ID 62946565
Книга што ќе ве насмее и расплаче во исто време.
За Миа и за нејзините школски другари започнува летниот распуст. Долго време ќе бидат слободни. Но, наскоро ќе треба да почнат во средно училиште и секој по својот пат: ќе бидат разделени во различни насоки. Сепак тие го имаа ова лето за да бидат заедно, овде и сега. За време на распустот, Миа и Аре се зближуваат на некој нов, чуден начин и тешко е да се каже дали е тоа другарство или љубов. Штом пристигна есента, Миа се пресели во интернат. Таа блеска во нејзината нова средина на музички план и се впушта во нов средношколски живот исполнет со концерти, забави, животот во интернатот и нови пријатели.
Потоа Аре се разболува. И тој е многу болен.
Распарчени е живописен роман за пријателството, за тоа како е можно истовремено да се биде среќен и тажен кога нешто навистина чудесно и нешто навистина ужасно ќе се случат истовремено.
Авторката Хилде Миклебуст напиша интимна приказна исполнета со силни емоции. Вклучена е во каталогот на значајната интернационална награда „Бели гаврани“ за 2023 година.
Беше номинирана за наградата „Браге“ во 2022 година.
Белешка за писателката

Хилде Миклебуст е родена 1979 година во Норвешка. Таа е една од најреномираните и една од најважните млади поетеси во Норвешка. Дебитирала во 2006 година со збирката поезија Berre dagar, а во 2008 ја објави книгата Søkk.
Таа студирала литература и драмска уметност на Универзитетот во Берген. Исто така ја посетувала Академијата за пишување во Хордаланд.Во мај 2020 година ја доби наградата „Диктартавла“, награда која се дава на нови Норвешки поети. Оваа награда е формирана од познатиот поет Олав Х. Хоге. Миклебуст има напишано три збирки поезија кои добија високи оценки од книжевните критичари. Исто така има објавено сликовници од кои најпозната е „Илва и дивите кози“ (Ylva og villgeitene) во 2020 година. Романот „Распарчени“ е нејзината прва книга за тинејџери и беше во потесен избор за познатата светска награда „Бели гаврани“ во 2023 година.
Белешка за преведувачката

Искра Бадева е родена во Скопје во 1980 година. Како вљубеник во кул турата и литературата на Северот ги има завршено студиите по сканди навистика на Софискиот универзитет во 2007 година. Живее и работи во Скопје. Досега има преведено повеќе од дваесет романи од норвешки и од шведски јазик. Ја има добиено наградата „Златно перо“ за 2011 година која ја доделува Здружението на литературни преведувачи на Македонија.
