
Наслов на оригиналот: Needlework / Deirdre Sullivan.
ISBN 978-608-253-237-0
Авторка: Диадре Саливен
Наслов: Убоди
Превод од англиски: Ацо Пероски
Број на страници: 168
Сес сака да владее со уметноста на тетовирањето, да создава преубави слики на кожата. Меѓутоа, уште е премлада за тоа, а има и поважни грижи во животот. Секако најголема грижа е како да се дочека полнолетството, а да не се распадне поради страшната тајна што не може да ја сподели со никој. Тајната што го разурна нејзиното семејство, толку страшна тајна што и нејзините најблиски се преправаат дека ништо не се случило.
Романот Убоди е трогателно сурова исповед на тинејџерка, која, откако го преживеала злоставувањето во семејството, се обидува да води нормален живот. Што и да значи тоа.
Белешка за авторката

Диадре Саливен е ирска писателка за деца и поетеса. Таа е родена во Галвеј. Саливен живее во Даблин. Таан има напишано повеќе книги од кои неколку биле номинирани за наградите и ја освоила престижната награда Книга на годината на ЦБИ. Ги напишала книгите Несоодветна (2010), Кошмар 1: Помош! Брат ми е Зомби (2010), Кошмар 2: Убиец на за морчиња (2010), Кошмар 3: Хечинг (2012), Гледајќи црвено2013), Несоодветен ред (2013), Примоперфектно (2014), Убоди (2016), Совршено спречени смртни случаи (2019), Уништи го одговорот (2020), Сакам да знам дека ќе би-дам во ред (2021), Скапоцена катастрофа (2021).
Белешка за преведувачот

Ацо Пероски (1982) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2005 година. Постдипломските студии ги продолжил на Институтот за филозофија во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје во 2009 година. Преведува од англиски, француски, српски и хрватски јазик.
