
Наслов: Шепотено / Павел Беренсевиќ ;
превод од полски јазик Звонко Димоски
Број на страници: 222
Превод на делото: Szeptane / Paweł Beręsewicz
ISBN 978-608-253-240-0
COBISS.MK-ID 61676549
Што сè би направилe за да одите и да го гледате финалето на Лигата на шампионите?
Веќе неколку месеци на Филип и неговите другари им е познато дека финалето треба да се одигра во нивниот главен град, во Варшава. Им фали само едно нешто за во живо да ги гледаат Меси, Роналдо, Левандовски или Саудио Мане. Само билет! Но, најефтиниот билет за натпреварот чини сто и шеесет евра. Одлично! Само што тие се средношколци. За да можат да присуствуваат на натпреварот тие би се согласиле на разни понуди за работа. Дури и да делат летоци за сомнителни производи рано изутрина, пред да одат на училиште.
Но, некои работни обврски поттикнуваат морални и етички прашања што ќе ги стави овие момци пред една дилема: дали вреди сето тоа да се работи за да се присуствува на ова финале?!
Напнат и неизвесен роман за проблемите на тинејџери што се нашле во мрежа полна со лажни вести, тролови и… нешто
Белешка за писателот

ПАВЕЛ БЕРЕНСЕВИЌ е автор на романи и стихови за деца, раскази, речници, преводи. Дипломиран англиски филолог на Варшавски Универзитет. Писател познат меѓу другото поради наслови како: Што има кај Ќимковци?, Ќимковски приказни од кои една тажна, Како ја засакав Кате Цветчето, Дали војната е за девојки, Тајната на човекот со лузна, Е нека тоа чоколадото!, како и најновите Повеќе од клуб и Ред на полските расипикуќи.
Во групата на многуте награди што ги има добиено се вбројуваат Литературната награда на Варшава и двократно Литературната награда „Корнел Макушињски“. Неговите книги неколку пати биле номинирани за Полска книга на годината и споменувани на многу престижни литературни конкурси. Читатели од секоја возраст ги обожаваат книгите на Павел Беренсевиќ за точноста на согледувањата и точниот хумор.
Белешка за преведувачот

Звонко Димоски е роден 1980 година во Познањ, Полска. Во 2003 година дипломирал на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 2011 година докторирал на Универзитетот „Адам Мицкиевич“ во Полска. Автор е на повеќе литературни преводи од полски на македонски јазик.
