ЕШБАХ, Андреас

Наслов: Аквамарин / Андреас Ешбах

Превод од германски јазик: Катерина Јосифоска.

Број на страници: 2024

Превод на делото: Aquamarin / Andreas Eschbach

ISBN 978-608-253-266-0

COBISS.MK-ID 63247109

Си била некогаш една, не толку далечна, иднина. И во неа тинејџерката Саха, со надареност што мора да ја крие. Дарба што може да спаси еден живот и да спои два света. Во едниот свет не ја сакаат, а во другиот може да биде сакана. Тетката што ја воспитува не слуша во времето во кое само многу ретки луѓе зборуваат со јазикот на глувонемите, а Саха не плива таму каде што сите пливаат.
Возбудлива и емотивна сторија за неприфаќање, несоодветност и желба да се истрае во својата различност. И приказна за искрено пријателство, за доверувањето на најголемите тајни, за почитувањето и восхитувањето.
Начините на кои што Саха се соочува со врсничкото насилство можат да бидат патоказ за сите тинејџери во слична позиција. Начинот на доживување на сопствената различност, исто така. Истовремено со овој аспект, ова е можна слика за идниот свет. Ако не внимаваме во чувањето на планетата. И ако научниците премногу си играат со нивната моќ.

Белешка за писателот

Андреас Ешбах е роден 1959 во Улм, Германија. Тој е познат и наградуван германски писател, што бил аероинженер пред комплетно да се посвети на пишувањето книги. Неколку од неговите романи се бестселери во Германија, а дури петпати ја има освоено националната награда Курт Ласвиц за писатели од областа на научната фантастика. Ешбах пишува на едноставен јазик, приспособен за младите, стил на пишување што е обожуван од тинејџерите и нивните родители. Аквамарин е роман кој првпат е објавен во 2015 година. Неговите книги се преведени на многу јазици, а ова е прва негова книга, која е објавена на македонски јазик. Ешбах студирал аероинженерство на Универзитетот во Штутгарт и подоцна работел како софтверски инженер. Но, тој пишува уште од својата дванаесет годишна возраст. Неговата прва објавена книга беше објавена во 1995 година.

Белешка за преведувачката

Катерина Јосифоска е родена во 1982 година во Скопје, каде завршила основно и средно училиште. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, магистрирала филозофија на Филозофскиот факултет, а докторирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преведува од германски, шпански и англиски јазик. Во 2015 година ја доби наградата за превод „Златно перо“ за превод на романот „Човек без својства“ од Роберт Музил.

Scroll to Top