
Наслов на книгата: Момчето од ложата / Ангелики Дарласи Превод од грчки јазик: Емилија Мајсторова Стојановска
Број на страници: 138
Превод на делото: To agori sto thereio / Angeliki Darlasi. –
ISBN 978-608-253-241-7
COBISS.MK-ID 61679109
Дросос е младо момче, дете кое има тешка судбина. Тој е бегалец и живее нов живот во Атина. Дросос е во една многу трауматична состојба и тој мора да се снаоѓа во својот нов живот и новата средина и постојано да живее со надежта дека еден ден повторно ќе ги сретне мајка му и татко му, коишто се исчезнати. Мора да биде силен и да ја заштити и својата сестра Арети. Поради оваа состојба тој мора да најде начин да ја совлада траумата и покрај тоа што постојано ја занемарува реалноста во која се наоѓа и вистината со која мора да се соочи.
Оваа книга е инспирирана од вистински настани, од животот на група бегалци кои живеат во Народниот театар на Атина, во 1922 година, кога многу Грци од Мала Азија се доселени во Грција.
Иако оваа книга опфаќа тешки теми како што се загубата, болката и миграцијата, сепак е наменета за деца и млади, бидејќи таа е совршена почетна точка на младите и децата да се соочат со овие теми. Но, оваа книга може да биде и поучна бидејќи опфаќа и теми како што се сочувството и хуманоста.
Книгата ја доби исклучително значајната и популарна светска награда „Бели гаврани“ и националната награда „Кругот на грчки детски книги“.
Белешка за писателката

Ангелики Дарласи е родена и живее и работи во Атина. Таа дипломирала на Универзитетот за Драмски студии во Атина, а магистрирала на Студиите за изведба на Кралската централна школа за ораторство и драмски уметности во Лондон. Во текот на својата кариера работела во театар, кино и телевизија. Таа е писателка, драматург и предава креативно пишување и драмски уметности. Ангелики Дарласи има напишано повеќе книги и има добиено неколку награди во Грција, но и интернационални награди. Романот за деца и млади „Момчето од ложата“, беше избрана на листата на една од најпрестижните светски награди „Бели гаврани“.
Белешка за преведувачката

Емилија Мајсторова – Стојановска e родена 1963 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Катедрата за новогрчка филологија во Солун. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Загреб.Со преведувачка дејност се занимава од 1988 година, а од 1999 година преведува и уметничка литература.
