Наслов: Пред да падне ноќ

Авторка: Силвија Векини

Превод од италијански јазик: Живко Гроздановски

Број на страници: 103 стр

Оригинален наслов: Prima che sia notte / by Silvia Vecchini

by Sualzo. – Белешка за авторот: стр. 102

ISBN 978-608-253-238-7

COBISS.MK-ID 61677573

Моќна и чувствителна приказна за храброто момче што има оштетен вид и слух, раскажана од неговата сакана сестра во форма на стихови и проза, вклучувајќи ја и азбуката со знаковен јазик.

Карло е тинејџер што има оштетен слух и може да гледа само со едното око. Но, окото што гледа почнува да ja губи својaта сила и Карло мора да оди на операција за да го спаси видот. Неговата борбена и весела сестра, Ема, е најголемата поддршка за Карло. Таа постојано го бодри Карло да го победи стравот, додека неговото верно куче Лулу е постојано покрај него. Но, дури и со поддршката и влијанието на неговото семејство, на Карло му е тешко да се соочи со таква неизвесност? И што ќе се случи доколку тој нема да може веќе да комуницира со нив?

„Пред да падне ноќ“ е книга за довербата, имагинацијата, емпатијата и јазикот. И покрај страшните предизвици со кои Карло и Ема треба да се соочат, ова е нивната приказна за храброста и чудата.

Белешка за авторката

Силвија Векини е италијанска писателка на детски книги, проза и поезија. Таа подготвува работилници за деца во училишта, библиотеки, книжарници и исто така држи предавања по креативно пишување и творење. Силвија Векини дипломирала модерна книжевност. Нејзината книга „Пред да падне ноќ“ (Prima chesia notte), објавена во 2021 година во издавачката куќа „Бомпијани“, беше во најтесен избор и финалист за исклучително престижната италијанска награда Стрега, во конкуренција за детски книги.

Белешка за преведувачот

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Преведува и препејува од италијански јазик.

Scroll to Top