Ова е книга за фудбалот во која при читањето ќе уживаат дури и оние што не сакаат спорт. Се чини невозможно, но не е.

Фудбалерите Рахман, Тигани и Хенри имаат талент, што значи некаква шанса да избегаат од големата сиромаштија во нивното село, во Африка. Нивниот тренер има контакти во фудбалски клуб во градот и ќе ангажира скаут да дојде и да види колку вешто тие можат да ја шутираат и водат рачно изработената топка по прашината. Конечно, кога тие тројца ќе имаат шанса да заиграат на вистински фудбалски терен во градот, забавата завршува. Тренинзите се исцрпувачки, игрите напорни, а забранетите задоволства на градот примамливи.

Наскоро Хенри и Тигани ќе мораат да се вратат дома, а само Рахман ќе ја има потребната сила на карактерот за да се пробие. По трансферот во Холандија, кога Рахман ќе се врати во селото, носејќи кул патики и нови алишта, ќе сфати дека никој повеќе не го гледа како Рахман, туку се фокусираат на неговите пари и неговиот успех. Ама и тој е сменет. Сфаќа дека не му се интересни неговите соселани како Тигани, кои повеќе сонувале за успех, отколку што би направиле нешто околу тоа.

Токму оваа драма го прави романот „Фудбалски сон“ толку силен. Дајкзул не пишува за фудбалот бидејќи е убава игра за момчиња, туку затоа што има важна порака. Оваа волшебна приказна зборува за големата жртва што понекогаш ја бара амбицијата.

Линеке Дајкзул

Белешка за авторката

Холандската писателка Линеке Дајкзул (Lieneke Dijkzeul) е родена во 1950 година. Таа е авторка што е најпозната по своите детски и тинејџерски книги. Нејзините романи De tweede vioo (Втората виолина, 1991),

Een muis met klauwen (Глувче со канџи, 1993) и Kortsluiting (Краток спој, 1996) беа во најтесен избор на жирито за Холандската награда за детска литература. Во 2006 годин ја објавила својата прва книга за возрасни, психолошкиот трилер De stille zonde (Тивок грев). Во 2007 година, го објавила продолжението Koude lente (Студена пролет), втората книга со Пол Вегтер како главен лик. После големиот успех со овој серијал, ги напишала и продолженијата De geur van regen (Мирисот на дождот, 2009), Verloren zoon (Изгубениот син, 2011) и Wat overblijft (Она што останува, 2012).

Белешка за преведувачката

Ели Пујовска (1971) е професионален преведувач, кој преведува од холандски, фламански и англиски јазик. Восвојата кариера има работено како проектен асистент и менаџер на повеќе проекти и има преведено повеќе од 30 книги за повеќе издавачки куќи. Добитник е на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на годината.

Scroll to Top